Мажите не сакаат да водат разговори, колку и жените, и тоа е добро познато, не е дека сега ние измисливме топла вода. Прашањето е дали знаете од каков тип на разговори со своите жени, мажите се плашат најмногу?
Психотерапевтите открија кои се 6-те типови на разговори со сопругите, кои мажите сакаат да ги избегнат.
Нареден пат кога ќе сакате да кажете нешто, причекајте го утрото. „Мораме да разговараме“ е тип на разговор која е потребно да се одвива кога двајцата сте одморени и помалку нервозни.
Драги дами, исто како вие што не сакате вашиот партнер да ви дава коментари поврзани со новата фризура или широката маица, така и вие треба да си ја држите устата затворена. Едно е јасно, а тоа е дека дури ни мажите не сакаат да им лепите епитети во врска со нивната облека.
Ова е можеби една од најголемите грешки. Никогаш не го споредувајте вашиот сегашен партнер со поранешниот. Ниту има потреба, ниту има логика. Не е воопшто пријатно вашиот сопруг да живее во сенка на поранешните момчиња кои сте ги имале.
Точно е, мажите уживаат во сексот, меѓутоа ги убива помислата дека кога се обидуваат да направат нешто убаво за вас, вие се сомневате во нивните мотиви. Запомнете не е секогаш сѐ така црно и бело, најчесто нијансите се тие кои одлучуваат.
Кога веќе еднаш ќе се согласите, не додавајте го зборот „но“ – тоа е исто како автоматски да ја отфрлате претходно прифатената идеја. „Но“ брише сè што сте кажале претходно.
Можеби вашиот партнер пред неколку години ја изумил годишнината од брак, но тоа не значи дека денес треба да му ја вадите душата за тоа. Каков проблем и да имате, решете го веднаш или молчете засекогаш.
Не го вадете валканиот веш неколку години подоцна, нема поента. Во таква ситуација мажите се чувствуваат како никогаш да нема да можат да избегаат од грешките во минатото.
Без разлика дали тој никогаш не го кажал тоа, или сте долго заедно, па не го кажува често, постојат начини на кои можете да го откриете тоа и без тој да го изговори.
Ова е тема на која многупати сте разговарале и читале, но очигледно никогаш не е доста од докази за љубовта.
Затоа издвоивме неколку ситници кои доколку ги забележувате кај партнерот, ви ја гарантираат неговата љубов кон вас:
Свесен е за вашите проблеми, грижи и стресот кој во одредени периоди го имате и сака да ве поддржи кога тоа ви е наjпотребно.
Не му е важно дали ќе го игнорирате заради вашите работни обврски, важно му е само да биде со вас.
Ви покажува дека му значите и постојано се труди да ви удоволи и да направи да се чувствувате пријатно додека сте заедно.
Можеби не ви е проблем да си одите сами, но тој се грижи за вас и сака да биде сигурен дека безбедно сте стигнале дома.
Можеби не секогаш го интересира што колешката му кажала на шефот, или каков проблем се случил, но тој е секогаш тука да ве сослуша доколку вие сакате да разговарате со некого.
А, да бидеме реални, сепак можеби и знае дека баш и нема некој друг избор доколку не сте љубител на секакви жанрови.
Секогаш ќе има луѓе кои ќе го бараат целото ваше внимание. Партнер, партнерка, брат, сестра, родители, пријатели…
Кога ќе сакате да направите нешто за себе, тие ќе ви велат дека сте себични што мислите прво на себе, па после на другите. Ќе се обидат да ви направат грижа на совест ако си се ставите сами себе како приоритет.
Но, никогаш нема да бидете вистински среќни ако постојано ги ставате другите на прво место.
Еве зошто е важно да го живеете животот за себе, а не за другите:
Никој нема да дојде и да ви подари работите кои отсекогаш сте сакале да ги имате. Успехот доаѓа со напорна работа, труд и посветеност.
Да, кафето со пријателите ќе ве релаксира и ќе ве наполни со позитивна енергија, но нема да ви ги реши проблемите или да ви овозможи да бидете поуспешни на работа. Вие сте тие кои самите се грижат за тоа – вашата среќа зависи само од вас.
Никој не може да ви каже дали да ја прифатите работата што ви ја понудиле или да излезете на состанок со некој. Никој не ги познава сите ваши желби и потреби, како вие самите.
Кога се двоумите за нешто, вие длабоко во себе веќе го знаете одговорот, само треба да си ја слушате интуицијата.
Или, „од празна чаша не можеш да се напиеш вода“. Ако вие самите не се грижите за себе, не верувате во себе, несигурни сте поради физичкиот изглед и не си посветувате доволно внимание, нема да можете да им давате љубов и на другите околу вас.
Грижата за себе треба секогаш да ви биде на прво место. Тоа не е себичност, туку напротив. Само на тој начин можете позитивно да влијаете на другите.
Немојте никогаш да дозволите стравот да ве спречи да бидете најдобрата верзија на себе. Ова неверојатно, диво и прекрасно нешто кое го нарекуваме живот, поминува брзо, како едно кратко возење на ролеркостер.
Животот ни дава неочекувани свртувања, паѓања, но и многу моменти кои едноставно ни го одземаат здивот.
Понекогаш дозволуваме спонтаните моменти да нè однесат на нови прекрасни авантури, притоа останувајќи позитивни и возбудени за тоа што следно ни носи животот, и тоа треба така да остане.
Никогаш не смееме да дозволиме стравот да биде тој, кој ќе нè спречи целосно да уживаме во моментите и авантурите кои ни се пружаат.
Ова се стравовите од кои треба да се ослободите навреме, за да можете комплетно да се препуштите на авантурата наречена живот:
Нема ништо поубаво од домашно зготвено јадење и трчање во прегратките на семејството кога работите ќе станат тешки, но има и едно прекрасно и моќно чувство на слобода, кога ќе се одлучите да создадете дом самите за себе.
Прифатете ја оваа промена со отворени раце и истражете ја новата околина со позитивни очекувања. Запознајте го новото место и направете ја оваа дестинација ваш сопствен дом.
Немојте да се ограничувате самите себеси и да си ја одземете шансата да бидете среќни. Секако дека е лошо чувството кога вашето срце е скршено, меѓутоа никогаш не треба да дозволите тоа да биде причина да не дадете шанса на нова љубов.
Ако вашите пријатели не се слободни или никој не сака да дојде со вас, не значи дека треба да го пропуштите настанот кој долго го очекувате. Излезете од вашата комфор зона и запознајте нови луѓе кои се надвор од вашиот круг на пријатели.
Понекогаш животот носи прекрасни и успешни моменти, а понекогаш не. Важно е да научите да се справувате со неуспехот на здрав начин и да научите како да го извлечете најдоброто од него.
Секој човек прави грешки, тоа е дел од животот. Вашите родители колку и да не го покажуваат тоа, тие секогаш ќе бидат горди и ќе ве сакаат безусловно, но мора да бидат тука за да ви укажат на грешките.
Никогаш не останувајте во врска поради страв да не останете сами. Едноставно не е фер ниту кон вас самите ниту кон другата личност.
Сите ќе го пронајдат вистинскиот/а, но за најубавите работи во животот вреди да се чека. Можеби е време да го промените мислењето за тоа што значи сродна душа.
За жал, не можеме да бидеме на 10 места одеднаш. Научете што навистина е важно за вас и како сакате да го поминувате вашето време. Престанете самите на себе да си правите стрес дека цело време пропуштате нешто важно.
Животот е многу краток за да го мразите секое утро кога одите на работа. Дајте си шанса да пробате да успеете во тоа што навистина го сакате, па дури и ако тоа значи да ви се намалат финансиите на одреден период.
Последни коментари