Skip to the content
Кисс Фм Радио
  • Почетна
  • За нас
  • Чат
  • Галерија
    • Куманово
    • Студио
  • Забава
  • Видео чат
  • Контакт

Што треба да знаете….

Интересно
    • By djdmc
    • 0 comments
    • 28/03/2020

Што треба да знаете….

Секогаш ќе има луѓе кои ќе го бараат целото ваше внимание. Партнер, партнерка, брат, сестра, родители, пријатели…

Кога ќе сакате да направите нешто за себе, тие ќе ви велат дека сте себични што мислите прво на себе, па после на другите. Ќе се обидат да ви направат грижа на совест ако си се ставите сами себе како приоритет.

Но, никогаш нема да бидете вистински среќни ако постојано ги ставате другите на прво место.

Еве зошто е важно да го живеете животот за себе, а не за другите:

Знаете кој може да ви овозможи сé што сакате? Вие самите

Никој нема да дојде и да ви подари работите кои отсекогаш сте сакале да ги имате. Успехот доаѓа со напорна работа, труд и посветеност.

Да, кафето со пријателите ќе ве релаксира и ќе ве наполни со позитивна енергија, но нема да ви ги реши проблемите или да ви овозможи да бидете поуспешни на работа. Вие сте тие кои самите се грижат за тоа – вашата среќа зависи само од вас.

Вие најдобро знаете што ви треба

Никој не може да ви каже дали да ја прифатите работата што ви ја понудиле или да излезете на состанок со некој. Никој не ги познава сите ваши желби и потреби, како вие самите.

Кога се двоумите за нешто, вие длабоко во себе веќе го знаете одговорот, само треба да си ја слушате интуицијата.

Не можете да давате љубов на други, ако немате љубов за себе

Или, „од празна чаша не можеш да се напиеш вода“. Ако вие самите не се грижите за себе, не верувате во себе, несигурни сте поради физичкиот изглед и не си посветувате доволно внимание, нема да можете да им давате љубов и на другите околу вас.

Грижата за себе треба секогаш да ви биде на прво место. Тоа не е себичност, туку напротив. Само на тој начин можете позитивно да влијаете на другите.

Leave a Reply Cancel reply

Хит на Кисс Фм Радио

https://www.youtube.com/watch?v=qiLDH6SxiwM

Последни постови

  • Player 28/03/2020
  • Плеј листа 28/03/2020
  • Во етер 28/03/2020
  • Слушај 28/03/2020
  • (no title) 28/03/2020

Архива

  • March 2020 (11)
  • January 2020 (1)

Последни коментари

    Категории

    • Интересно (5)
    • Музика (7)
    Proudly powered by WordPress | Theme: Consultera by Wpazure.
    Back To Top