Skip to the content
Кисс Фм Радио
  • Почетна
  • За нас
  • Чат
  • Галерија
    • Куманово
    • Студио
  • Забава
  • Видео чат
  • Контакт

Разговори кои мажите ….

Интересно
    • By djdmc
    • 0 comments
    • 28/03/2020

Разговори кои мажите ….

Мажите не сакаат да водат разговори, колку и жените, и тоа е добро познато, не е дека сега ние измисливме топла вода. Прашањето е дали знаете од каков тип на разговори со своите жени, мажите се плашат најмногу?

Психотерапевтите открија кои се 6-те типови на разговори со сопругите, кои мажите сакаат да ги избегнат.

„Знам дека е доцна, но мора да зборуваме…!“

Нареден пат кога ќе сакате да кажете нешто, причекајте го утрото. „Мораме да разговараме“ е тип на разговор која е потребно да се одвива кога двајцата сте одморени и помалку нервозни.

„Во овие шорцеви изгледаш како тинејџер.“

Драги дами, исто како вие што не сакате вашиот партнер да ви дава коментари поврзани со новата фризура или широката маица, така и вие треба да си ја држите устата затворена. Едно е јасно, а тоа е дека дури ни мажите не сакаат да им лепите епитети во врска со нивната облека.

„Мојот бивши никогаш не би го направил тоа!“

Ова е можеби една од најголемите грешки. Никогаш не го споредувајте вашиот сегашен партнер со поранешниот. Ниту има потреба, ниту има логика. Не е воопшто пријатно вашиот сопруг да живее во сенка на поранешните момчиња кои сте ги имале.

„Сѐ што сакаш е секс!“

Точно е, мажите уживаат во сексот, меѓутоа ги убива помислата дека кога се обидуваат да направат нешто убаво за вас,  вие се сомневате во нивните мотиви. Запомнете не е секогаш сѐ така црно и бело, најчесто нијансите се тие кои одлучуваат.

„Да, но…!“

Кога веќе еднаш ќе се согласите, не додавајте го зборот „но“ – тоа е исто како автоматски да ја отфрлате претходно прифатената идеја. „Но“ брише сè што сте кажале претходно.

„Се сеќаваш на „нешто“ пред 7 години?“

Можеби вашиот партнер пред неколку години ја изумил годишнината од брак, но тоа не значи дека денес треба да му ја вадите душата за тоа. Каков проблем и да имате, решете го веднаш или молчете засекогаш.

Не го вадете валканиот веш неколку години подоцна, нема поента. Во таква ситуација мажите се чувствуваат како никогаш да нема да можат да избегаат од грешките во минатото.

Leave a Reply Cancel reply

Хит на Кисс Фм Радио

https://www.youtube.com/watch?v=qiLDH6SxiwM

Последни постови

  • Player 28/03/2020
  • Плеј листа 28/03/2020
  • Во етер 28/03/2020
  • Слушај 28/03/2020
  • (no title) 28/03/2020

Архива

  • March 2020 (11)
  • January 2020 (1)

Последни коментари

    Категории

    • Интересно (5)
    • Музика (7)
    Proudly powered by WordPress | Theme: Consultera by Wpazure.
    Back To Top